Фудбалерите на Манчестер Јунајтед вчера стигнаа до четвртата победа во низа под водство на Оле Гунар Солскјер.
Популарните „црвени ѓаволи“ славеа на гостувањето против Њукасл со сигурни 2:0, а после натпреварот Норвежанецот истакна дека сите заедно би требало да бидат среќни.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Треба да бидеме среќни бидејќи имаме четири победи во четири натпревари. Во овој натпревар не примивме погодок што е добра работа за нас. Во првото плувреме бевме бавни, но и сконцентрирани и прикажавме еден професионален настап. Му дозволивме на противникот во краток период да создаде неколку шанси, но брзо воспоставивме контрола“, изјави Солскјер кој потоа зборуваше за Рашфорд.
„Тој има „кристијановски“ удар, но ми се допадна начинот на кој денес постигна погодок. Се смири и ја пласираше топката. Сите треба да знаеме дека има само 21 година“, порача Норвежанецот.
Манчестер Јунајтед во наредното коло има тежок испит бидејќи гостува кај Тотенхем.