Привремениот тренер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер го препороди тимот, откако запиша четири победи на четири натпревари во Премиерлигата.
Норвежанецот стигна како спасител на „Олд Трафорд“ и се запиша во клупската историја како втор тренер кој стартувал со четири победи на првите четири меча.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Солскјер има договор до лето, па најверојатно ќе биде заменет со етаблирано тренерско име, иако тој сака да остане на „Олд Трафорд“.
„Не сакам да си одам на лето, секако дека не сакам. Ова е навистина одлична група на фудбалери, тука е фантастична атмосферата. Ќе давам максимум додека сум тука. Ако победивме на четири меча, значи можеме на уште четири. Тоа е предизвик, тоа се стандарди кои се познати за овој клуб“, изјави Солскјер.