Oле Гунар Солскјер потпиша нов договор со Манчестер Јунајтед.
Норвешкиот стратег се договори со клубот за соработка до летото 2024 година со опција за продолжување на уште една сезона.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Нашето минато. Нашата сегашност. Нашата иднина. Чест ни е што можеме да објавиме дека Оле потпиша нов договор со клубот“, соопштија од Манчестер Јунајтед.
Солскјер е пресреќен поради новиот договор и најави големи работи.
„Сите знаат што чувствувам за овој клуб, Среќен сум поради новиот договор. Пред Јунајтед е возбудлив период, изградивме тим кој е избалансиран со искусни и млади играчи кои се гладни за успех“, изјави Солскјер.
Our past. Our present. 𝗢𝘂𝗿 𝗳𝘂𝘁𝘂𝗿𝗲.
— Manchester United (@ManUtd) July 24, 2021
✍🇳🇴 We are delighted to announce that Ole has signed a new deal with the club! #MUFC