Дома Фудбал Англија Солскјер: Погба ги има сите квалитети да биде капитен на Јунајтед!

Солскјер: Погба ги има сите квалитети да биде капитен на Јунајтед!

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер смета дека Пол Погба ги има сите квалитеи за да биде капитен на тимот.

Французинот беше заменик капитен на „црвените ѓаволи“ на почетокот на сезоната, но потоа Мурињо му ја одзеде лентата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Тогаш Португалецот изјави дека Погба нема лидерски способности, но Солскјер не го дели тоа мисење.

„Да, тој ги има сите квалитети за да биде капитен. Го познавам многу одамна, тој е лидер. Погба има карактер и може да влијае на луѓето околу него. Тој се грижи за соиграчите и вистински сака да има успеси тимот“.

„Меѓутоа знае дека успесите не може да ги постигне сам, тоа е работа на целиот тим. Тој има карактер кој може многу да му помогне на тимот. Треба само да се забавува на теренот“ , заклучи Солскјер.

Со доаѓањето на Норвежанецот на кормилото, Погба се „препороди“ и покажа дека е вистиски лидер на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…