Дома Фудбал Англија Солскјер: Не грижете се, го знам Гери 11 години делевме иста соблекувална

Солскјер: Не грижете се, го знам Гери 11 години делевме иста соблекувална

Новиот стратег на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер имаше одличен старт на клупата на „црвените ѓаволи“ и на дебито против Кардиф запиша победа од 5:1.

Оваа победа на Јунајтед беше причина за голема еуфорија помеѓу навивачите, но Гери Невил испрати критики кон Солскјер.

Сепак, легендарниот напаѓач го разбира својот поранешен соиграч.

„Не грижете се, знам дека Гери ќе биде строг кон мене. Ја делев соблекувалната со него 11 години. Сега е платен да го дава своето мислење и треба тоа да го прави. Јас не сум поразличен од другите, имам одговорност, но не играм за нив. Мојата работа е да ги натерам играчите да уживаат во играта“, порача новиот стратег на „црвените ѓаволи“.

Солскјер својот втор натпревар на клупата ќе го има утре кога Јунајтед ќе се сретне со Хадерсфилд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ворен Бондо се враќа на тренинг со Милан по одбивање на раскинување на договорот

Ворен Бондо одбива да го раскине договорот со Милан и се враќа на тренинг со првиот тим. …