Дома Трансфер зона Солскјер најде нов дефанзивец во Франција, понудата испратена

Солскјер најде нов дефанзивец во Франција, понудата испратена

Дефанзивецот на Лил, Габриел одигра одлична сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Англиските медиуми тврдат дека во трката за неговиот потпис се вклучил и Манчестер Јунајтед кој во 22-годишниот Габриел гледа идеален партнер за Мегваер.

Последните информции од Островот се дека „црвените ѓаволи“ испратиле понуда од 30 милиони евра со вклучени бонуси и се спремни да ја победат конкуренцијата.

Интересно е тоа што пред само две години, Габриел пристигна на „Максимир“, но одигра само еден натпревар за Динамо и потоа беше преместен во вториот тим.

Оваа сезона блесна во дресот на Лил, играше во Лигата на шампиони и привлече големо внимание, а во наредните денови може да направи трансфер на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го купува промашувањето на Арсенал

Кога Јакуб Кивијор се пресели од Специја во Арсенал за 19 милиони евра во јануари 2023 год…