Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер најави дека ќе биде продолжен договорот на Едисон Кавани.
33-годишниот Кавани ова лето потпиша едногодишен договор со „црвените ѓаволи“ со опција за дополнителни 12 месеци.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Уругваецот само три пати беше стартер во сите натпреварувања, но Солскјер верува во неговите квалитети и вети дека во иднина почесто ќе биде во стартниот состав.
„Во моментов изгледа како да има уште неколку години на највисоко ниво, без разлика на годините тој е еден од најподготвените фудбалери кои ги имаме“, одговори Солскјер на прашањето за продолжување на договорот.
„Тој дефинитивно е фудбалер кој е стартер. Не можеш да класификуваш фудбалер од таков квалитет на друг начин. Но, кај нас имаме повеќе стартери, повеќе од 11. Така е секогаш во Манчестер јунајтед. Јас верувам во него и најверојатно ќе стартува во повеќе мечеви во иднина“, додаде Солскјер.