Maнчестер Јунајтед под водство на Оле Гунар Солскјер едноставно гази се пред себе.
„Црвените ѓаволи“ го отпуштија Жозе Мурињо, а на негово место како привремено решение пристигна Оле Гунар Солскјер, кој во Премиер лигата имаше лошо искуство како тренер во Кардиф.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пристигна од Молде на позајмица до крајот на сезоната, но ако продолжи онака како што започна многу веројатно ќе остане на клупата.
Манчестер Јунајтед со Солскјер стигна до четири победи во исто толку натпревари. Постигнаа 14 голови и примија само три, а учинокот од четири победи во првите четири натпреври во Јунајтед имал само легендарниот Мет Басби.
Басби после Сер Алекс Фергусон е најуспешниот тренер на Манчестер Јунајтед и работеше во клубот од 1945 до 1969 година, потоа и една сезона во 1970/1971, освои пет титули во Првата дивизија, два ФА Купа, пет Комјунити Шилд, како и Куп на европските шампиони во 1967/1968.
Managers to win first 4️⃣ league games in charge of @ManUtd?
Sir Matt Busby
Ole Gunnar Solskjaer
…(list ends)
? ? ? ? pic.twitter.com/aHhKxtGk3Y
— Sky Sports Statto (@SkySportsStatto) January 2, 2019