Дома Трансфер зона Солскјер му го „краде“ договореното засилување на Арсенал

Солскјер му го „краде“ договореното засилување на Арсенал

Денес се очекуваше Арсенал да го официјализира трансферот на дефанзивецот на Лил, Габриел Магалес.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските медиуми тврдеа дека трансферот е договорен, Габриел се наоѓа во Лондон и се очекува само да стави потпис на договорот.

Лил се согласи да го продаде 22-годишниот стопер за сума од 25 милиони евра, Наполи испадна од трката бидејќи се уште не го продал Кулибали, па се чинеше дека Арсенал ќе го комплетира трансферот.

Меѓутоа, во последен момент во трката се вклучи Манчестер Јунајтед, кој ќе се обиде да го „украде“ играчот пред носот на големиот ривал.

„Црвените ѓаволи“ испратиле понуда до неговиот агент, па дефанзивецот побарал 48 часа за да донесе конечна одлука.

Останува да видиме дали Габриел ќе го почитува дадениот збор на Арсенал или сепак ќе го избере Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…