Дома Фудбал Солскјер импресиониран од Варан: Тој е лидер

Солскјер импресиониран од Варан: Тој е лидер

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер е воодушевен од новото засилување Рафаел Варан.

Варан го комплетираше трансферот од Реал Мадрид, а Солскјер откри дека и Фергусон во минатото го сакал Французинот.

„Секако дека сум пресреќен што успеавме да постигнеме договор со Реал Мадрид за пристигнувањето на Варан. Добиваме докажан победник и играч кој го следиме долги години наназад“.

„Тој е докажан лидер. Играч кој со години го следеше Сер Алекс Фергусон и беше блиску да го ангажира. Со него ќе добиеме поквалитетен тим“, истакна Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Арсенал сака напаѓач од Борнмут, но јануарскиот план на Артета има пречка

Ели Жуниор Крупи е меѓу напаѓачките опции што ги разгледува Арсенал. Борнмут, сепак, сака …