Англиските медиуми откриваат дека менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер ќе има на располагање 200 милиони фунти за трансфери.
Норвежанецот најави дека Јунајтед би можел да донесе неколку засилувања во јануари, но прашање е колку од саканите фудбалери ќе бидат достапни среде сезона.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Најпотребни се засилувања во нападот и креативниот дел од средината, па прва мета е нотрвешкото „чудо од дете“ Халанд, за кого Салцбург бара 80 милиони евра.
Исто така голема желба на Солскјер е ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо за чиј потпис „црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 100 милиони фунти.
Покрај нив како можни засилувања се споменуваат Џејмс Медисон (Лестер), Даклан Рајс (Вест Хем), Кулам Вилсон (Борнумт), Муса Дембеле (Лион) и Џек Грилис (Астон Вила).