Дома Трансфер зона Солскјер има список со тројца дефанзивци

Солскјер има список со тројца дефанзивци

Раководството на Манчестер Јунајтед ја потврди довербата во менаџерот Оле Гунер Солскјер и ќе ги поддржи неговите желби на трансфер пазарот во јануари.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Приоритет во јануари ќе биде засилување на одбраната, а Солскјер веќе има список со тројца дефанзивци.

Според англиските медиуми на списокот се Рафаел Варан од Реал Мадрид, Дајот Упамекано од Лајпциг и Бен Вајт од Брајтон.

Манчестер Јунатед не привлече централен дефанзивец во летниот преоден рок бидејќи имаше многу играчи во таа зона. Сега Крис Смолинг е веќе продаден во Рома, но Фил Џионс и Маркос Рохо останаа на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед прими 17 гола во првите 10 кола во Премиер лигата, па јасно е дека треба да биде засилена одбраната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…