Оле Гунар Солскјер денес беше претставен за нов тренер на Манчестер Јунајтед.
Жозе Мурињо мораше да замине откако Јунајтед загуби во англиското дерби против Ливерпул.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Освен поради резултатите, Мурињо водеше тим во кој владееше лоша атмосфера.
За негов наследник беше доведен човекот кој во Јунајтед како играч помина 11 години. Солскјер на „Олд Трафорд“ освои шест титули шампион на Англија, два ФА Купа и една Лигата на шампиони. Се пензионираше во 2007 година после 366 одиграни натпревари за Јунајтед и постигнати 126 погодоци.
Норвежанецот има веќе 10 години тренерско искуство. Успех забележа со резервите на Манчестер Јунајтед, но и со првиот тим на Молде.
Во 2014 година доби прва прилика да работи во Премиер лигата. Сепак, оваа негова епизода не заврши славно.
Сопственикот Винсент Тан го доведе за да го спаси клубот од испаѓање, најмногу поради тоа што Солскјер важеше за играч кој негува атрактивен и напаѓачки стил.
Четири месеци и 18 натпревари подоцна, работата на Солскјер доживеа фијаско. Кардиф запиша три победи и одигра три нерешени натпревар, додека поразите беа 12 на број. Освен тоа неговите избраници примија 17, а погстинаа 42 погодоци.
Секако, екипата која ја превзема во тешка ситуација, сезоната на заврши во безизлезна на последната позиција и Кардиф се пресели во втората лига.