Дома Фудбал Англија Солскјер има една задача и ако ја исполни ќе добие голем бонус

Солскјер има една задача и ако ја исполни ќе добие голем бонус

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед утре играат на Олд Трафорд против Хадерсфилд, што ќе биде деби за новиот тренер на овој тим Оле Гунар Солскјер на домашен терен.

Солскјер е избран за нов тренер претходната недела откако Жозе Мурињо доби отказ, а во првиот натпревар запиша победа на гостувањето кај Кардиф со 5:1. Норвешкиот стручњак има голема поддршка бидејќи е јасно дека го очекува доста работа.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Норвежанецот со Јунајтед договори соработка до крајот на сезоната, но ако се покаже веројатно ќе добие договор. На Солскјер сигурно нема да му биде лесно со оглед на тоа дека од Јунајтед секогаш се очекува најдобро, а челниците на клубот веќе пред него ги поставиле целите.

Според пишувањата на англиските медиуми главната цел е Јунајтед да избори место кое води во ЛШ. Црвените ѓаволи се моментално шести со 29 бода и имаат осум бода помалку во однос на Челси, кој е на четвртата позиција.

Сепак, неговиот труд нема да биде залуден бидејќи челниците на клубот му вериле голем бонус доколку ја оствари целта. Наводно, Солскјер во тој случај ќе биде побогат за два милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…