Дома Фудбал Англија Солскјер излезе пред медиумите: Бидете деца кои сакаат да играат фудбал пред најдобрите навивачи! (ВИДЕО)

Солскјер излезе пред медиумите: Бидете деца кои сакаат да играат фудбал пред најдобрите навивачи! (ВИДЕО)

solskjer

Норвежанецот и официјално беше претставен пред медиумите.

Манчестер Јунајтед на почетокот на неделата го отпушти Жозе Мурињо, а на негово место беше доведе Оле Гунар Солскјер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Солскјер остави голема трага на „Олд Трафорд“ како играч, како тренер го предводеше резерзниот тим на Јунајтед, Кардиф и Молде од неговата татковина.

Имено, тој е доведен како привремено решение до крајот на сезоната, но Јунајтед договори оштета од осум милиони евра во случај да сакаат да го задржат.

Солскјер вчера имаше првата прес конференција како тренер на Манчестер Јунајтед и истакна дека не размислувал два пати кога го добил повикот од „Олд Трафорд“.

„Не, секако дена не размилував два пати кога ме повикаа да потпишам како играч, а ова е поголема чест. Избран сум да му помогнам на клубот во наредните неколку месеци. Засега треба да бидам тука пет или шест месеци, за да му помогнам на клубот во меѓувреме, додека е во потрага по нов тренер“.

„Кога добивате ваква работа и ве прашуваат да потпишете договор на шест месеци моја работа е да остварам што подобри резултати, ќе видиме што можеме да се случи. Многу тренери сакаат да го водат Манчестер Јунајтед, јас сум еден од нив, но тоа не е нешто за кое разговаравме, тие ќе спроведат процес во наредните шест месеци“, изјави помеѓу другото Солскјер.

За крај ја испрати својата порака.

„Бидете деца кои сакаат да играат фудбал и да излезат пред најдобрите навивачи во светот“, изјави Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Влаховиќ е примарна трансфер цел на Арсенал

Раководството на Јувентус не исклучува продажба на Душан Влаховиќ на крајот на сезоната, п…