Дома Фудбал Англија Солскјер доби интересно прашање: Дали си вистинскиот човек за оваа работа? (ВИДЕО)

Солскјер доби интересно прашање: Дали си вистинскиот човек за оваа работа? (ВИДЕО)

Maнчестер Јунајтед наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите.

Со ремито против Хадерсфилд (1:1) „Црвените ѓаволи“ останаа без можност во последното коло да се изборат за пласман помеѓу најдобрите четири тима.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


После натпреварот тренерот Оле Гунар Солскјер изјави дека ова е и тоа како болно, но дека мора да се продолжи понатаму.

„Секогаш боли кога нема да победите. Креиравме шанси, игравме офанзивно, имавме вистински пристап и моравме да постигнеме повеќе голови. Кога примивме гол, не успеавме да постигнеме втор гол, а во ваква атмосфера не успеавме да го подигнеме нивото на игра“.

„Ни недостасуваше многу концентрација оваа сезона, посебно кога изведувавме прекини, не се враќаме брзо назад и тоа често пати скапо го плаќаме. Денес како што кажав креиравме повеќе шанси, но сега е доцна за се. Мораме да продолжиме понатаму“, изјави Солскјер.

Потоа следуваше интересно прашање од новинарот.

„Дали си вистинскиот човек за оваа работа?“.

„Да, секако да сум“, гласеше одговорот на Солскјер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Генијалноста на Анчелоти која го одведе Реал до полуфиналето во ЛШ без два стартни стопери и двата први голмани

Карло Анчелоти, го предводеше својот клуб до полуфиналето на Лигата на шампионите и дуел п…