Во последните шест натпревари Манчестер Јунајтед победи на само еден од нив и Оле Гунар Солскјер е под притисок на медиумите.
Јунајтед беше поразен и во двете дерби средби со Ливерпул и Сити, од Ливерпул прими пет гола, а иако против Сити поразот не беше резултатски толку висок на теренот тимот на Солскјер целосно беше надигран.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вчера во англиските медиуми се пишуваше дека голем дел од фудбалерите го кренале гласот и покажле незадоволство, се истакнува дека први во тој „бунт“ биле Роналдо и Бруно Фернандеш.
Сега се пишува за нов неочекуван потег на Солскјер. Имено, поради лошата форма фудбалерите кои немале обврска кон репрезентациите за време на паузата очекувале да продолжат со тренинзи. Сепак, Солскјер донел изненадувачка одлука кога сите ги распуштил и си заминал со семејството за Норвешка.
Ваквата одлука била сосема неочекувана за сите, меѓутоа Норвежанецот сметал дека е време за одмор, ќе видиме против Вотфорд по репрезентативната пауза и наредните мечеви дали ова е добар избор.