Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунер Солскјер најави дека ќе му го продолжат договорот на искусниот Едисон Кавани, кој минатото лето потпиша едногодишна соработка и има опција да ја продолжи на дополнитени 12 месеци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кавани заигра само на три меча како стартер, додека на другите добиваше шанса од клупата, но тренерот верува во неговите квалитети и вети дека во иднина ќе му дава поголема минутажа.
„Во моментов изгледа како да има уште неколку години на највисоко ниво, без разлика на годините тој е еден од најподготвените фудбалери кои ги имаме. Тој дефинитивно е фудбалер кој е стартер. Не можеш да класификуваш фудбалер од таков квалитет на друг начин. Но, кај нас имаме повеќе стартери, повеќе од 11. Така е секогаш во Манчестер јунајтед. Јас верувам во него и најверојатно ќе стартува во повеќе мечеви во иднина“, кажа Солскјер.