Дома Фудбал Останато Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Солзите на Винисиус не биле вистински: Се работело за сценарио за филм!

Винисиус Жуниор го привлече вниманието на медиумите со настапот на прес-конференцијата пред натпреварот против Шпанија каде што се расплака зборувајќи за проблемот со расизмот.

Меѓутоа сега медиумите објавија дека станувало збор за сценарио бидејќи таа прес-конференција била снимана од Нетфликс. Шпанците се согласни дека на трибините на стадионите има расизам, но и тврдат дека Винисиус е тој што провоцира, па дополнително си прави проблеми.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Информацијата дека солзите биле само сценарио за филм дефинитивно уште повеќе ќе ги разгоре страстите.

„Тажно е тоа што се случува секој ден., Не е ова проблем само во Шпанија, туку и во целиот свет. Проблеми имал и мојот татко, јас одлучив да се борам. Сепак, се помалку имам желба да играм фудбал. Сакам да имам статус како на другите, размислував и да заминам, но тогаш расистите ќе го добијат тоа што го сакаат. Ќе се борам до крајот затоа што знам дека имам поддршка“, изјави Винисиус во таа ситуација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

ФИФА објави: Мундијалот во 2030 во шест земји, Саудиска Арабија ќе биде домаќин во 2034 година

Светската фудбалска асоцијација (ФИФА) објави каде ќе се одржуваат Светските првенства во …