Реал Мадрид вчера после катастрофалните резултати го отпушти Јулиен Лопетеги, а него го наследи тренерот на младинскиот тим, Сантијаго Солари.
Солари на стартот нема среќа – само што пристигна веднаш се соочи со проблеми.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од најважните фудбалери на Реал Мадрид, Рафаел Варан се здоби со повреда на мускулот на десната нога во „Ел Класико“ кое Реал го загуби со 5:1.
На францускиот дефанзивец утрово му беа направени детални прегледи кои покажаа дека младиот фудбалер ќе мора да паузира одреден период.
„После направените прегледи е константирано дека членот на нашиот тим, Рафаел Варан има проблеми со мускулот на десната нога“, соопштија од таборот на клубот од Мадрид.
Засега не се објавува колку време ќе биде потребно за Варан да биде максимално спремен.