Дома Фудбал Соиграчот од Барселона ќе го отстапи својот бројот за Де Јонг да ја продолжи традицијата во чест на неговиот дедо

Соиграчот од Барселона ќе го отстапи својот бројот за Де Јонг да ја продолжи традицијата во чест на неговиот дедо

Младиот Френки Де Јонг импресионираше во дресот на Ајакс минатата сезона и ова лето потпиша за Барселона.

Сега од младиот фудбалер се очекува со одличните настапи да продолжи и во дресот на Барселона.

Се уште официјално не е познато кој број во Барселона ќе го носи Де Јонг, но „Мундо Депортиво“ тврди дека тоа ќе биде бројот 21 кој досега на својот грб го носеше Карлос Алења.

Споменатиот медиум објави дека Де Јонг разговарал со Алења да му го отстапи бројот, 21 годишниот Шпанец без многу размислување се согласил.

Инаку, бројот 21 за 22 годишниот Де Јонг има силна поврзаност. Тој број Де Јонг го носеше во Ајакс и со него настапува во репрезентацијата.

Бројот 21 Де Јонг го носи во чест на неговиот дедо кој починал на неговиот 21-ви роденден.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Венеција остана без тренер: Ѓовани Стропа доби отказ

Венеција се наоѓа на дното на табелата во Серија А, што доведе до отказ за тренерот Ѓовани…