Дома Трансфер зона Соиграчот на Азар ја откри иднината на Белгиецот!

Соиграчот на Азар ја откри иднината на Белгиецот!

Белгискиот фудбалер Еден Азар на големо се поврзува со заминување од Челзи, а засега како клуб со најголема шанса да го доведе е шпанскиот гигант Реал Мадрид.

Скоро секојдневно во медиумите се појавуваат информации за иднината на Азар, неодамна дури на Островот објавуваа и детали од наводниот договор кој го постигнал Азар со Реал Мадрид откако имал разговор со Зинедин Зидан. Според тие информации Азар во Мадрид би добил петгодишен договор со плата од 16.5 милиони евра по сезона.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Меѓутоа сега неговиот соиграч Андрес Кристенсен за данските медиуми даде изјава со која ги демантираше сите најави дека Азар или некој друг играч ќе го напушти Челзи во летото кое следи.

Кристенсен од данските медиуми доби прашање за неговата иднина и во одговорот потврди дека од раководството на клубот им било соопштено дека никој нема да го напушти Челзи ова лето поради казната која ја доби клубот од ФИФА за забрана на трансфери.

„Управата на клубот не повика на разговор и на тој разговор јасно ни беше кажано дека ова лето никој нема да биде продаден од едноставна причина поради тоа што никој не може да биде купен“, изјави Кристенсен.

Сега можеби во Челзи за некого ќе направат исклучок, но тешко е дека тоа ќе биде за фудбалерот кој е прва ѕвезда на тимот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Шок во Атлетик Билбао: Легендата заминува по две децении!

Икер Муниаин донел одлука да го напушти својот Атлетик Билбао на крајот од сезоната. Леген…