Групната фаза од квалификациите за СП во еврпската сезона е заокружена синоќа.
Девет селекции остварија директен пласман на Мундијалот во Русија, а уште четири свој пласман ќе обезбедат по баражот кој ќе се одигра во ноември.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Квалификациите на Стариот континент ги собоија сите рекордни што се однесуваат на ефикасноста. Во 270 одиграни натпревари во групната фаза постигнати се 794 погодоци, што е најголем број постигнати погодоци во историјата.
Соборен е претходниот рекорд од 760 голови постигна во квалификациите за СП 2006. година кога беа одиграни 276 натпревари.
Најефикасни селекции несомнено се Белгија и Германија. Обете селекции ја минаа групната фаза и постигнаа по 43 погодоци, додека титулата најдобар стрелец му припадна на Роберт Левандовски.
Полската гол-машина постигна дури 16 погодоци, што е исто така рекорд во квалификациите, а останатите селекции погодуваа само по 12 пати.
Меѓу најефикасните репрезентаџии во Европа се најде и БиХ. Со 24 погоодци тие се на седмата позиција, но за жал не се пласираа на Мундијалот.
Најефикасни селекции во квалификациите:
Белгија – 43
Германија – 43
Шпанија – 36
Португалија – 32
Полска – 28
Шведска – 26
БиХ – 24
Швајцарија – 23
Италија – 21
Холандија – 21