Дома Фудбал Снајперистот Мина му пресуди на Реал Сосиједад и запиша три важни бода за „Лилјаците“ (ВИДЕО)

Снајперистот Мина му пресуди на Реал Сосиједад и запиша три важни бода за „Лилјаците“ (ВИДЕО)

Валенсија е повторно онаа старата. По падот кон крајот на јануари и почетокот на овој месец, кога врзаа дури шест порази, „Лилјаците“ ја запишаа и третата победа и така дополнително се зацврстија на четвртата позиција во Примера.

Името кое ги направи среќни навивачите на Валенсија е Санти Мина, кој стгина до третиот погодок зад своето име во последните три натпревари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се започна во 34. минута по одличната соработка со Мартин Монтојо во која Тоно Рамирез беше потполно немоќен.

По водечкиот погодок на мина, Валенсија драстично да подобри формата, што Ојаразбал ја казни на почетокот на второто полувреме. Суперталентираниот крилен напаѓач одлично го најде Канаљес на самата ивица на казнениот простор по добрата акцијата која потполно ја разголи одбраната на Валенсија.

Но, последен се смееше Санти Мина. И тоа по големата грешка на Тоно Рамирез, кому топката му падна од раце при интервенцијата, што младиот напаѓач на Валенсија го казни со удар во мрежата.

https://youtu.be/PkCA6-VKQiA

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…