Дома Фудбал Останато Снајдер: Можев да бидам како Роналдо или Меси, но не сакав

Снајдер: Можев да бидам како Роналдо или Меси, но не сакав

Поранешниот холандски репрезентативец, Весли Снајдер истакна дека не жали поради тоа како се развиваше неговата кариера, иако е свесен дека можеше да направи многу повеќе.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


35 годишниот Снајдер во 2019 година во дресот на Ал-Гарафа ја заврши кариерата која траеше 17 години.

„Можев да бидам како Меси или Роналдо, но едноставно не сакав. Уживав во животот, а Лео и Кристиано се многу различни. Многу се жртвуваа поради кариерата. Меѓутоа не жалам за ништо, имав одлична кариера“, изјави Снајдер.

Холанѓанецот играше во Ајакс, Реал, Интер, Галатасарај, Ница и Ал-Гарафа. Освои 20 клупски трофеи, а веројатно најважниот во неговата кариера е оној од Лигата на шампионите во 2010 година со Интер во генерацијата во која играше и Пандев.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Кардинале и Ибрахимовиќ продолжуваат со обидите да го задржат Модриќ

Сопственикот на Милан Џери Кардинале и неговиот советник Златан Ибрахимовиќ продолжуваат д…