Дома Фудбал Лига на шампиони Снајдер: Ливерпул и Барселона се фаворити за титулата во ЛШ

Снајдер: Ливерпул и Барселона се фаворити за титулата во ЛШ

Легендарниот Весли Снајдер неодамна ја заврши кариерата, а денеска се појави во Монако на извлекувањето за групните фази во ЛШ.

Тој на кратко за Скај Спорт зборуваше за своите фаворити за освојување на новото издание на ЛШ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Тешко е да се каже што ќе видиме оваа сезона бидејќи таа се уште не започнала, па затоа имам некои сомневања, но судејќи по претходната сезона би рекол дека Ливерпул и Барселона се фаворити.“ – изјави Снајдер.

Весли потоа зборуваше за Интер, екипата со која во 2010. година ја освои ЛШ.

„Интер напредува, започнаа добро со Конте и донесоа суперѕвезди како Лукаку. Му посакувам на Интер се најдобро и се надевам дека ќе имаат одлична сезона, во Серија А и ЛШ.“

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ова е причината поради која Чави реши да остане во Барселона

Чави и понатаму останува тренер на Барселона. Претходно оваа сезона Чави најави дека ќе го…