Лионел Меси во натпреварот против Манчестер Јунајтед заработи повреда на окото. Неговите повреди беа последица на жестокиот старт на дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Крис Смолинг.
Меси сепак имаше повеќе причини за радост после натпреварот бидејќи неговата Барселона запиша гостинска победа од 0:1 против Манчестер Јунајтед во првиот натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Иако Аргентинецот после дуелот со Смолинг доби повреди на лицето судијата не досуди прекршок, а ниту самиот Меси не се бунеше премногу, очигледно сфатил дека сето тоа се случило во жарот на борбата, а не со некоја намера.
Така асот на Барселона не му замерил на Смолинг, па двајцата после натпреварот пријателски се поздравиле, барем така тврди дефанзивецот на Манчестер Јунајтед.
'Messi knew it was an accident' – Smalling
? Man United defender Chris Smalling spoke about the aerial collision with Lionel Messi, which left the Barcelona forward with a bloodied nose.
Listen to Football Daily Podcast ?
??: https://t.co/X4R5uT0Ykb pic.twitter.com/QwUvz5v291— BBC 5 Live Sport (@5liveSport) April 12, 2019
„Да, разговаравме после натпреварот. Во прв момент јас не сфатив дека го удрив толку силно. Но после натпреварот кратко зборувавме и се ракувавме. Ми кажа дека знае дека тоа било случајно“, изјави Смолинг за „Би-Би-Си Радио 5“.
Смолинг потоа зборуваше и за Луис Суарез со кого исто така водеше борби на теренот.
„Слично беше и со Луис Суарез. Добро се боревме, а после натпреварот си пруживме рака еден на друг и си посакавме среќа. Убаво е кога можете да водите борба на теренот, а после натпреварот да биде полни со почит кон противникот“, порача Смолинг.
Реванш натпреварот помеѓу Барселона и Манчестер Јунајтед се игра во вторник на 16-ти април на „Ноу Камп“.