Дома Трансфер зона Случај „Модриќ“: Прво порачаа дека останува, но што е со последниот потег на Реал?! (фото)

Случај „Модриќ“: Прво порачаа дека останува, но што е со последниот потег на Реал?! (фото)

modric

Oд ден во ден се менуваат околностите и ситуацијата околу потенцијалната нова сезанција на трансфер пазарот, односно трансферот на Лука Модриќ од Реал во Интер.

Човекот кој помина шест години во Реал Мадрид и освои четири титули во Лигата на шампионите би можел да побара нов предизвик. Медиумите најавуваат дека Хрватот на состанокот кој би требало да се одржи денес или утре ќе го убеди Флорентино Перез да го пушти.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Но, пред само три дена изгледаше како Реал да порача на сите дека Модриќ не оди никаде.

Шампионот на Европа на друштвените мрежи објави слика од Модриќ во новата гарнитура дресови за наредната сезона. Многумина тоа го сфатија како порака дека тој останува во Мадрид.

Сепак, сега со сличен потег „кралевите“ кренаа „огромна прашина“ во јавноста.

Имено, Реал Мадрид на своите официјални Твитер и Фејсбук профили ја промени „ковер“ фотографијата и на неа сега се наоѓаат пет асови: Бејл, Бензема, Рамос, Марсело и Крос – го нема Модриќ!

Ќе потсетиме неодамна вакво нешто направи Милан, па Леонардо Бонучи неколку дена подоцна се врати во Јувентус.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал ја „краде“ големата желба на Милан

Арсенал покажува сериозен интерес за ѕвездата на Болоња, Џошуа Зиркзе, пренесиваат медиуми…