Донесена е одлука во врска со медалот на Никола Калиниќ.
Како што е веќе познато Калиниќ го напушти кампот на репрезентацијата откако одби да влезе во игра во натпреварот против Русија и на себе го навлече гневот на јавноста.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Златко Далиќ не сакаше да ја наруши атмосферата во тимот па го испрати дома, а играчите и стручниот штаб донесоа и веројатно очекувана одлука.
„Избркан е малку преголем збор, тој после одлуката на селекторот е отстранет на составот и тоа на крај се покажа како добра одлука. Кога во прашање е медалот, она што јас знам е дека Калиниќ после одлуката на играчите и стручниот штаб ќе го добие својот медал“, изјави Томислав Пацак, портапаролот на хрватскиот фудбалски сојуз.
Иначе, Калиниќ многу веројатно ќе го напушти Милан, а следна дестинација би требало да биде Атлетико Мадрид.