Дома Македонски спорт Мак фудбал Слога Виница прашува: Имаме ли фудбал или да ги изораме терените?! 🎥

Слога Виница прашува: Имаме ли фудбал или да ги изораме терените?! 🎥

Реакција на судењето во последното одиграно коло имаше и Слога Виница.

Иако во судиската анализа на ФФМ денес беше објавено дека судиите немале грешки во натпревар. Од Слога Виница не се сложуваат.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Реакцијата ви ја пренесуваме во целост:

„Ново коло и пак местење, тактизирање, напади на тренери,играчи и сл а пред се лакрдии од страна на судиите во 2МФЛ и тоа  најмногу против одредени клубови кои се третирани како небитни на фудбалската мапа па од тука и прашањето на кого им сметаа тие клубови?

 Но да почнеме од почеток и судијата Марјан Младеновски од Скопје кој највероватно е личност со одредени задачи, истиот тој уште во првото коло го оштети нашиот клуб со доделени 5 жолти и 1 црвен картон и тоа при резултат 3:0,а се со цел да ја ослабне нашата екипа во понатамошниот тек од првенството. Но тоа и да го проголтаме не можеме да се помиреме со КРИМИНАЛОТ кој се случи во 19 коло во М.Каменица а во главна улога повторно истиот тој Марјан Младеновски судија кој го уништи нашиот клуб.

Секој оној кој беше вчера на градскиот стадион во М.Каменица беше сведок на криминалните игри на фамозниот гл.судија кој секој наш контакт со противничките играчи го свиреше исто така доделените жолти картони на наши играчи за минимални дуели, а при секој приговор од нашиот капитен да му враќа со жаргоните Заќути да не те искарам, Ти си да играш а не да збориш и сл а при тоа немајќи почит кон капитенската лента.

А додека од друга страна не ги санкционираше испадите на домашните играчи и капитен кој во неколку наврати бурно реагираше а дури во еден случај удри и бокс на наш играч, или за тие моменти беше слеп или се правеше дека не ги видел. Ќе наведеме само одредени моменти кои ќе го одведеа натпреварот во друг правец еден од нив и најголем е моментот од 54 мин и недосудениот чист пенал за нашата екипа кој што ќе го видете во прилог, потоа во 84 мин при наша контра и тоа од 3 на 4 истиот подигна непостоечки офсајд и тоа при наша шанса за гол за 0:1.

Секој наш напад или шанса за гол беше под фаул или пак ќе ја преќинеше акцијата и сл, а да не ги занемариме и постојаните преќини на аут,корнер,гол аут и сл. Се на се огромен КРИМИНАЛ а за возврат сигурно е подигнат одреден финансиски подарок познавајќи го неговото минато како судија. Е сега нека се запрашат СУДИСКАТА КОМИСИЈА а и челниците на ФФМ дали ќе имаме фудбал во нашата земја или да ги изораме сите игралиштата и да се префрлиме на агрокултура. Г-дин судија Марјан Младеновски ти срам за фудбалот, и си непожелен во Виница“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Македонија направи чекор назад на ФИФА ранг листата

Македонската фудбалска репрезентација на најновата ФИФА ранг листа која ќе биде објавена н…