Арсенал се врати со победа во Премиер лигата и тоа по пресврт против Вест Хем (1:3). Но во следните натпревари „топџиите“ ги очекува тежок распоред.
Арсенал во следните три недели ќе го има најтешкиот распоред во сезоната досега, бидејќи се соочува со екипи од горниот дел на табелата.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Арсенал нема многу време да ја слави победата на Вест Хем, бидејќи веќе на новогодишната ноќ гостува кај Брајтон, кој игра феноменално со Де Зерби на клупата. Потоа на 3 јануари на „Емирати“ го чека дерби со моментално второпласираниот Њукасл.
Потоа следува пауза од 12 дена, меч со Оксфорд во ФА Купот, а потоа две големи дербија – со Тотенхем на гости (15 јануари) и со Манчестер Јунајтед дома (22 јануари).
Навивачите веќе најавуваат дека ова е периодот кој Арсенал треба да го издржи за да дојде до титулата во Премиер лигата. Како и да е овие четири натпревари саигурно ќе бидат голем тест за Арсенал.