Дома Фудбал Останато Славиjа Прага – Арсенал: Артета бара спас на сезоната

Славиjа Прага – Арсенал: Артета бара спас на сезоната

Арсенал ќе се обиде да ги задржи своите изгледи за европска слава и да ја спаси сезонава барем на некој начин и од некоја гледна точка. Патуваат во Прага кај Славиа на реваншот од четвртфиналето на Лигата на Европа со резултат 1:1 од првиот меч во Лондон.

Кога „Топчиите“ постигнаа гол во 86-та минута на првиот меч, сите мислеа дека таа ќе биде предноста на Арсенал пред реваншот. Но, Славиа прага даде гол во 94-та минута за 1:1 и одличен резултат пред реваншот во Чешка.

Артета сака да ја спаси сезоната преку ЛЕ


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


Избраниците на Микел Артета расипаа безброј можности да го отворат првиот меч многу порано пред влегувањето на Пепе и Аубамејанг пред крајот на мечот. Но нивното влегување беше пресудно и Пепе даде гол на асистенција на Аубамејанг.

Микел Артета ги потсети своите фудбалери на Арсенал дека имаат „одговорност“ да се пласираат во Европа, но надежите на „топџиите“ за 25-та последователна сезона на континенталната сцена висат на конец откако во првиот натпревар беа врзани за возбудлива мода.

Но удобната победа од 0:3 во Премиер лигата кај Шефилд Јунајтед ги смири навивачите колку толку пред ова тешко гостување.

Топџиите со тој триумф ја завршија серијата од четири меча без победа и ја зачуваа празна својата мрежа за прв пат по 14 натпревари. Шансите на Арсенал да се пласира во Европа преку Премиер Лигата се сведени на теорија, па затоа на Артета единствена можност му е трофеј во Лигата на Европа. На тој начин ќе ја спаси сезоната и ќе обезбеди пласман во Лигата на Шампиони следната сезона. Во тој случај малкумина ќе бидат оние кои ќе му замерат за очајната сезона во домашниот шампионат.

Но Артета ќе има проблем во офанзивата каде Аубамејанг и Одегард ќе отсуствуваат.

Славиа Прага повеќе од една година нема пораз на домашен терен

По голот во 94-та минута, следуваа сцени на нескротлив делириум за фудбалерите на Трписовски во англиската престолнина, а Славиа го понесе тој момент во прашкото дерби со Спарта Прага викендов, откако со головите на Дупки и Станислав Текл славеа триумф од 2:0 во неделата.

Избраниците на Трписовски сега имаат извонредна серија од 23 натпревари без пораз во сите натпреварувања, а сезонава немаат ниту еден пораз на домашен терен во сите натпреварувања.

Немаа воопшто лесен пат до оваа фаза и елиминираа веќе две екипи од Велика Британија, англиски Лестер и шкотски Глазгов Ренџерс. Интересно, но и двете екипи останаа непоразени во Чешка, па губеа на домашен терен од Славиа.

Сепак, доминантната Славија на крајот ги испрати и двата британски гиганти во елиминација и сега ќе се обиде да се пласира во полуфиналето на едно европско натпреварување за прв пат по сезоната 1995-1996, кога го имаа легендарниот тим предводен од Поборски, Шмицер, Јаролим …

Сега екипата е повторно силна. Речиси целиот прв тим е составен од младински или сениорски репрезентативци на Чешка и овие резултати на екипата, не треба воопшто да ве изненадат.

Наш предлог:

ППХ @ 2.20 во 1xBet

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Бове пуштен од болница

Играчот од средниот ред на Фиорентина, Едоардо Бове, е отпуштен од болница по операцијата …