Утрово, македонскиот и регионалниот шампион,  РК Вардар и официјално потврди дена во следните три сезони нов член на тимот  ќе биде словенечкиот плејмејкер Сташ Скубе. Словенецот доаѓа во Скопје како актуелен првак на Унгарија, каде беше еден од клучните играчи на ПИК Сегед во освојувањето на шампионската титула на клубот во Унгарија запирајќи ја доминацијата на Вепрем. Тој во првата изјава за вардаровиот веб-сајт ги споделува своите очекувања и причината зашто се одлучил токму идните 36.месеца да биде дел од скопскиот црвено-црн машки ракометен колектив.

РК Вардар го избрав затоа што е еден од најдобрите екипи во Европа. Среќен сум што ќе бидам дел  од еден  голем тим. Очекувам многу, значи дека ќе се обидеме да стигнеме до самата завршница во сите натпреварувања во кои ќе настапиме. Мислам дека ќе бидеме добра екипа, и едвај чекај сѐ да започне– вели новајлијата во црвено-црниот дрес, Сташ Скубе.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Објавени номинациите за спортист на Македонија за 2024 година

Објавени се номинациите за спортист и спортистка на годината за 2024 година, а во трката з…