Дома Фудбал Скромниот Јапонец му кажа на Азар дека гледа негови снимки, а Белгиецот се изнасмеа (ВИДЕО)

Скромниот Јапонец му кажа на Азар дека гледа негови снимки, а Белгиецот се изнасмеа (ВИДЕО)

Реал Мадрид во досегашниот преоден рок доведе неколку нови фудбалери вклучувајќи ги Еден Азар и Такефушо Кубо.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Талентираниот Јапонец четири години беше член на академијата на Барселона, но на крајот одлучи да потпише за Реал Мадрид.

Кубо ги импресионираше сите во стручниот штаб и би можел порано од предвиденото да заигра за првиот тим.

Интересно видео се појави на социјалните мрежи од еден од тренинзите на Реал на турнеата во САД.

Скромниот Јапонец му пријде на Азар и му кажа дека пред своите натпревари гледа снимки од неговите натпревари.

„Квалитет“, кратко му одговори на Азар после што двајцата почнаа да се смеат.

Репотерот потоа го запраша Азар дали Кубо игра добро и тогаш следуваше нов интересен одговор на Азар: „Па ако ги гледа моите снимки“, одговори Азар.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар ќе биде ослабен против КуПС!

Вардар утре ќе го одигра реваншот против фински Купс во првото квалификациско коло од Лига…