Н’Голо Канте полека прераснува во многу поразлична фудбалска ѕвезда од сите останати.
Канте е човек кој не сака да се истакнува во преден план иако е еден од клучните играчи и поради неговата скромност едвај го доби трофејот во свои раце.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Овој фудбалер познат како голем работник, но и подеднакво добар и скромен човек. Веќе пишувавме дека на тренинзите за разлика од неговите колеги кои возат екстремно скапи „играчки“, тој доаѓа со Мини Купер.
Неговата скромност оди толку далеку што вчера во текот на прославата на титулата светски шампион Стивен Н’Зози го бараше пехарот од Флорија Туван за да му го даде на Канте, бидејќи тој само мирно стоеше на страна и не покажуваше преголема желба.
Сите останати едвај чекаа да го добијат трофејот во свои раце за да позираат и да се пофалат на друштвените мрежи, но Канте знае дека тоа е најмалку важно. Некаде внатре во него се наоѓаат вистинските вредности.