Дома Останати Кошарка НБА Скромен Дончиќ во победата на Далас, Лејкерси со најдобар старт од шампионската сезона со Коби! (ВИДЕО)

Скромен Дончиќ во победата на Далас, Лејкерси со најдобар старт од шампионската сезона со Коби! (ВИДЕО)

Изминатата вечер во НБА лигата беа одиграни десет натпревари.

Кошаркарите на Далас пред своите навивачи славеа во натпреварот со Минесота 121:114. Овој натпревар беше обележан со неколку пресврти на резултатот, а Маверикс до победа дојдоа со подобрата игра во четвртата четвртина и од кога кон средината на овој период дојдоа до предност повеќе не ја испуштаа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лука Дончиќ повторно беше добар, меѓутоа немаше некој спектакуларен учинок како што навикнавме да гледаме од него во последните денови. Словенецот не беше најефикасен во својот тим со 22 поени, 7 асистенции и 6 скокови. Два поени повеќе од него постигна Двајт Пауел, Кристапс Порзингис уфрли 19.

Во редовите на Минесота најдобар беше Карл Ентони Таунс со 26 поени, 9 скока и 7 асистенции, а Роберт Конвингтон додаде 22 поени.

Лос Анџелес Лејкерси ја продолжија низата, овој пат славеа против Јута со 121:96.

За Лејкерси ова е најдобар старт уште од сезоната 2008/2009 кога предводени од Коби Брајант дојдоа до 15. титула во НБА лигата. Имаше Јута предност на почетокот на мечот, меѓутоа од кога поведоа кон средината на првата четвртина Лејкерси повеќе не се грижеа за победата.

Ентони Дејвис постигна 26 поени, Леброн Џејмс го следеше со 20 и 12 асистенции. Дабл-дабл запиша и Раџон Рондо кој освен 14 поени имаше, 12 асистенции и 9 скока. Кај Јута најдобар беше Донован Мичел со 29 поени.

НБА резултати:

Шарлот – Голден Стејт 106:91

Детроит – Милвоки 103:127

Орландо – Феникс 128:114

Атланта – Бруклин 118:130

Бостон – Мајами 112:93

Чикаго – Мемфис 106:99

Оклахома – Индијана 100:107

Далас – Минесота 121:114

Јута – Лејкерси 96:121

Портланд – Сакраменто 127:116

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Лапорта се расплака: Треба да бидеме горди на Чави🎥

Тренерот на Барселона, Чави Хернандес се предомисли и реши да остане на кормилото на клубо…