Човекот кој во 2014 година пристигна како големо засилување сега е на излезни врати од Манчестер Јунајтед.
Лук Шо одигра само три натпревари за Манчестер Јунјатед оваа сезона. Одигра 47 минути во два натпревари од Лига купот и сите 90 минути во победата над ЦСКА од 2:1 во Лигата на шампионите.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во Јунајтед пристигна во 2014 година од редовите на Саутемптон, беше стандарден во првите неколку натпревари, а потоа ја скрши ногата. Потоа никогаш не се врати во формата која Јунајтед ја очекуваше.
Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед сега сака да се ослободи од него, но левиот бек бара пет милиони фунти да го напушти „Олд Трафорд“, пренесува „The Sun“.