По вечното дерби помеѓу Пелистер и Вардар во македонското првенство од 25 коло одложен ќе биде и натпреварот помеѓу Скопје и Шкендија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како официјална причина наведена е истата – отсутвото на премногу играчи поради репрезентативните обврски.
Имено, по одобрувањето на Вардар тимот на Скопје побарал одложување на натпреварот поради истата причина. Тие потенцирале дека имаат тројца фудбалери кои во овој период имаат репрезентативни обврски, а тоа се Стефковски, Личина и Демири.
За натпреварот помеѓу Вардар и Пелистер беше највено дека би можел да биде одигран во мај, додека за оваа средба засега нема никакви информации.
По ова во четврток во 25 коло на распоредот во македонското првенство ќе гледаме четири средби.
Работнички – Академија Пандев
Силекс – Победа
Ренова – Шкупи