Дома Трансфер зона Сколс со изненадувачки предлог до Јунајтед: Донесете го Озил!

Сколс со изненадувачки предлог до Јунајтед: Донесете го Озил!

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед, Пол Сколс ја критикуваше играта на „Црвените ѓаволи“ во рамките на третото коло во Лигата на Еворпа против Партизан.

Јунајтед во нешто променет состав славеше во Белград, а единствениот гол го постигна Марсијал од пенал. Сепак, Јунајтед разочара, Партизан беше подобар и поопасен, а изгледа дека беше оштетен и за пенал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Освен критиките Сколс имаше и препорака до раководството на својот поранешен клуб и тврди дека знае кој фудбалер може да му помогне на Јунајтед да излезе од кризата.

„Не ја разбирам ситуацијата на Озил во Арсенал. Мислам дека тој е фудбалер кој може да ги реши сите проблеми во средината. Има големи квалитети, кои ги покажа во текот на кариерата. Во Јунајтед би можел да биде краткотрајно решение за големите проблеми во креирањето на напади. Не верувам дека би можел да премине, но тој е фудбалер кој во моментов му е потребен на клубот“, изјави Сколс. 

Озил е во немолост на тренерот Унаи Емери, веќе подолго време не е дел од тимот и Арсенал му ја отвори излезната врата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Барселона го доведе како големо засилување, а сега неговиот агент вели: Чави воопшто не зборува со него!

Витор Роке не е среќен во Барселона, а неговиот агент Андреа Кари ја потврди ситуацијата в…