Дома Фудбал Англија Сколс: Разочарувачки е за Јунајтед, но Погба веројатно ќе замине

Сколс: Разочарувачки е за Јунајтед, но Погба веројатно ќе замине

Поранешниот ас на Манчестер Јунајтед Пол Сколс е убеден дека Пол Погба во својата кариера не научил ништо од своите грешки, но сепак се надева дека тоа ќе се промени.

 Се погласни се најавите дека Погба ќе го напушти Јунајтед кога ќе му истече договорот ова лето, а ако се верува на највите Погба веќе го одигра последниот натпревар за Јунајтед бидејќи се повреди на полувремето против Ливерпул и веројатно ја заврши сезоната.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Само неколку дена претходно навивачите му испратија свирежи во натпреварот со Норвич и тоа можеби најкратко ја опишува сезоната која ја имаше.

„Бев тука додека беше само дете. Имаше апсолутно се што можете да посакате за да бидете иден суперстар во фудбалот. Има одлични физички предиспозиции, силен е, може да трча…Но, мислам дека како фудбалер никогаш не научи ништо од сопствените грешки. Разочарувачки е што веројатно ќе замине на лето. Не знам каде ќе оди. Од некоја причина за него не е добар Манчестер Јунајтед, сите гледате како игра за Франција и каков беше во Јувентус“, изјави Сколс.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

„Покажете му*а“ – навивачите на Милан бесни по елиминацијата!

Рома беше подобра од Милан и се пласираше во полуфиналето на Лига Европа, а навивачите на …