Дома Фудбал Италија „Скај Спорт“: Јувентус го избра новиот тренер!

„Скај Спорт“: Јувентус го избра новиот тренер!

Aндреа Ањели, Фабио Партичи и Павел Недвед избраа тренер на Јувентус за наредната сезона!

Реномираниот „Скај Спорт“ известува дека изборот за наследник на Алегри паднал на Маурицио Сари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во четврток после финалето од Лигата на Европа, Фали Рамадани, агентот на Сари ќе се сретне со Марина Грановскаја, менаџерката на Челзи за да го дефинираат заминувањето на Сари.

„Сините“ веќе размислуваат за замена на клупата, а засега најсериозен кандидат да го наследи Сари е Френк Лампард кој со својот Дерби денес игра финале во плејофот за влез во Премиер лигата.

Родениот Наполитанец ги воодушеви сите во Италија со работата во Емполи, потоа одличен беше и во Наполи. Минатата сезона го превзема Челзи, но изгледа дека неговата авантура во Премиер лигата ќе биде брзо завршена.

Доаѓањето на Сари во Торино нема да биде официјализирано додека не се одигра финалето во Лигата на шампионите бидејќи Партичи сака да почека да види каква ќе биде ситуацијата околу Јирген Клоп и Маурисио Покетино.

Меѓутоа, доколку нема некое поголемо изненадување на осумкратниот шампион во низа на Италија ќе седне Сари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Изгледаше дека се е завршено, а сега Рагник го шокираше Баерн

Иако се најавуваше дека преговорите одат во добра насока, сепак, Рафл Рагник нема да биде …