Дома Топ вести „Скај Спорт“ состави идеален тим од играчи на кои им истекува договорот – изгледа одлично! (ФОТО)

„Скај Спорт“ состави идеален тим од играчи на кои им истекува договорот – изгледа одлично! (ФОТО)

Сезоната во најсилните првенства во Европа влегува во самата завршница, а како што сезоната се ближи кон својот крај така завршуваат и договорите дел од фудбалерите.

Како и претходно и ова лето има одлични фубдалери кои клубовите можат да ги доведат без да платат оштета.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од претходно е добро познато дека Арон Рамзи без оштета ќе го засили тимот на Јувентус, па веројатно затоа тој не се најде во идеалните 11 на „Скај Спорт“ кои ќе останат без догор за некој месец.

Според „Трансфермаркт“ дури 857 фудбалери во најдобрите шест лиги во Европа ќе можат да заминат без оштета од нив реномираниот англиски медиум состави идеален тим.

На голот место доби голманот на Манчестер Сити Вили Кабаљеро. Пред него во одбраната се Дани Алвес, Винстент Компани, Давид Луиз и Џејмс Милнер.

Во средниот ред двајца фудбалери доаѓаат од Манчестер Јунајтед, тоа се Хуан Мата и Андер Ерера. На „ѓаволите“ друштво им прават Рабио од ПСЖ и Велбек од Арсенал. Местото во нападот беше резервирано за Даниел Стариџ и Марио Балотели.

На клупата се:

ГОЛМАНИ: Буфон, Гомес, Артур Боруч, Адриан, Михаел Ворм

ОДБРАНА: Кејхил, Јагиелка, Бејнс, Фукс, Валенсија, Алберто Морено, Лихштаинер, Годин

СРЕДЕН РЕД: Санти Казорла, Франк Риберим, Рајан Бабел

НАПАД: Енди Керол, Фернандо Љоренте, Питер Крауч.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Покетино за дебаклот: Срам? Тоа не е вистинскиот збор…

Фудбалерите на Челзи доживеаа вистинска шлаканица од големиот градски ривал Арсенал во вче…