Дома Фудбал Англија Скаут на Челзи раскажа како Абрамович му го спасил животот: Ме боли што луѓето имаат погрешна слика за него

Скаут на Челзи раскажа како Абрамович му го спасил животот: Ме боли што луѓето имаат погрешна слика за него

Поради нападот на Русија врз Украина во центарот на вниманието се најде и првиот човек на Челзи, Роман Абрамович. Владата во Велика Британија донесе одлука за низа санкции за газдата на Челзи, а со проблеми се соочија и „сините“.

Абрамович соопшти дека ќе го продаде Челз ии парите ќе ги донира за жрвите од војната во Украина. Постапката за продажба прво беше замрзната, меѓутоа Владата подоцна дозволи таа да се реализира со доказ дека рускиот тајкун нема да заработи од истата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот скаут на Челзи Пит де Висер во разговор со медиумите на Островот порача дека луѓето имаат погрешна слика за Абрамович.

„Заминувањето на Абрамович од клубот е тежок удар. Луѓето имаат погрешна слика за него. Негов интерес не се парите, тој има многу пари. Станува збор за пријатна и топла личност. Знам дека нема да му се допадне тоа што ќе зборувам за него во медиумите, меѓутоа нека ми се лути, морам да ви кажам кој е вистинскиот Роман“.

„Скоро никогаш не разговара со медиумите и затоа го сметаат за ладна личќност и тоа ме боли затоа што јас знам дека не е така. Тој е човек со едно големо срце, го покажува тоа и со одлуката профитот од продажбата на Челзи да го донира“, изјави Висер.

Потоа раскажа и лично искуство.,

„Имав операција на отворено срце, потоа рак. Му се јавив и му кажав дека ќе морам да се пензионирам. Неговите зборови во тие моменти нема никогаш да ги заборавам – ми одговори: Пит можеш да потпишеш на 10 или 20 години. Замислете бев на работ на смртта, а тој ми вели дека можам да го продолжам договорот. Тие негови зборови ми дадоа сила. Да не зборувам за времето во неговата јахта и хотели каде што поминав дел од процесот во рехабилитација. Накратко тој ми го спаси животот“, раскажа Висер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…