Дома Фудбал Скаутот кој го откри Ѓулер: Имаше 160 см и 46 кг. Знаев дека ќе биде ѕвезда

Скаутот кој го откри Ѓулер: Имаше 160 см и 46 кг. Знаев дека ќе биде ѕвезда

АРДА ЃУЛЕР пред неколку дена беше претставен во Реал Мадрид откако потпиша договор на шест години во трансфер вреден 20 милиони евра, со дополнителни 10 милиони во зависност од учинокот на играчот.

Скаутот кој го откри се вика Серхат Пекмез и му кажа на Џанлука Ди Марцио како препознал талент кај момчето и откри што очекува во неговата понатамошна кариера.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пекмез всушност отишол да го гледа натпреварот до 14 години помеѓу Османлиспор и Генчлербирлиги за да се увери во талентот што го поседува Емре Узун. На тој меч виде 14-годишник, висок 160 сантиметри и тежок 46 килограми, како доминира на меч на кој имал и повреда.

Скаутот: Секогаш прво ги гледа другите играчи
„Арда Ѓулер не играше фудбал, тој танцуваше со топката. Имаше и се уште ја има грациозноста. Првото нешто што забележав е дека пред да ја прими топката секогаш гледа во другите играчи“, рече Пекмез и се присети на момент во кој препозна дека тогаш 14-годишното момче ќе успее во фудбалот:

“Тој го повреди левиот зглоб во 65. минута од тој натпревар, но сакаше да продолжи да игра. Го следев по натпреварот. Татко му го однесе по натпреварот, имаше уште поголеми болки. Тогаш сфатив дека ќе биде ѕвезда“.

Скаутот тврди дека веднаш му го препорачал играчот на Фенербахче, но дека претседателот на клубот Али Коч не го сфатил сериозно: „Не се откажав. Снимив ЦД од неговите најдобри игри и покрај ризикот да ја загубам работата, јас му го дадов тоа ДВД на возачот на претседателот на клубот и побарав од него да му го предаде“.

Ѓулер набрзо потпишал четиригодишен договор со Фенербахче.

„Дали тој е новиот Меси? Тие се многу различни. Наместо тоа, би рекол дека тој е мешавина од Гути и Модриќ.

Тој е многу самоуверен и амбициозен, а Реал е вистинскиот клуб за него. Ќе видите, еден ден тој ќе биде капитен на Реал и гордост на Турција. Се надевам дека ќе бидам на стадионот кога тој ќе ја освои Лигата на шампионите“, додаде скаутот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Доби повик за ЕП, а тој го испланирал годишниот одмор: Веќе резервирав сафари во Танзанија

Селекторот на Германија, Јулијан Нагелсман вчера го објави списокот на фудбалери за Европс…