Дома Трансфер зона Скаути на три европски гиганти ќе го следат Елмас против Галатасарај

Скаути на три европски гиганти ќе го следат Елмас против Галатасарај

Елиф Елмас се повеќе го привлекува вниманието на европската фудбалска јавност.

Елмас импресионираше со настапите во дресот на Фенербахче, но посебно повеќе за него се пишува откако имаше одлични два натпревари за репрезентацијата на Македонија во квалификациите за Европското првенство во 2020 година.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


19 годишниот македонски фудбалер се поврзува со многу европски гиганти, а турските медиуми пренесуваат дека скаути на три европски гиганти ќе дојдат во Истанбул да го следат Елмас во дербито против Галатарасај.

Имено скаути на Манчестер Сити, Борусија Дортмунд и Зенит, ќе присуствуваат во големото дерби на Истанбул за уште еднаш да се уверат во потенцијалите на Македонецот.

Македонскиот „дијамант“ веќе подолго време е на радарот и на други европски клубови како Лацио, Фиорентина, Тотенхем…

Во редовите на Фенербахче Елмас пристигна летото 2017 година, а според турските медиуми Фенер за неговата слобода бара помеѓу 20 и 25 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ричарлисон: Психолог ми ја спаси кариерата

Бразилскиот напаѓач Ричарлисон откри дека имал психолошки проблеми и дека во еден момент с…