Дома Топ вести Скаутите од Тотенхем си ја работат работата: „Брзиот воз“ го заменува Вокер за двојно помалку пари

Скаутите од Тотенхем си ја работат работата: „Брзиот воз“ го заменува Вокер за двојно помалку пари

Нема дилеми дека Тотенхем направи вистински потег кога одлучи да го продаде Кајл Вокер во Манчестер Сити за рекордни 57 милиони евра. Сепак, сега за Покетино претстои тешка работа, бидејќи треба да му најде замена на Вокер, а таа е повеќе од потребна бидејќи на позицијата на десен бек му остана само Киријан Трипиер.

Затоа скаутите веднаш тргнаа во акција и вниманието го насочија кон Португалија, од каде сакаат да го доведат Рикардо Переира (23). Станува бор за десниот бек на Порто, кој минатите две сезони е на позајмица во Ница, каде со одлична игра се избори и за повик во сениорската репрезентација на Португалија.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Го викаат „Брзиот воз“, а на Азурниот брег го забележа шефот на скаутската служба од Тотенхем, Стив Хичен, кој е специјалист за француски фудбал, а според наводите од Португалија, Порто е расположен за продажба на Переира доколку Тотенхем го одврзе кесето и искешира 25 милиони евра.

Переира подеднакво добро се снаоѓа на позиција на десен бек, но и во улога на играч за врска, каде покажува одлични напаѓачки способности. Тотенхем сакаат да му овозможат на Трипиер да биде стандарден на позицијата која до денес ја држеше Вокер, но исто така сакаат да му доведат и искусна замена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Повеќе нема дилеми: Познати детали од договорот на Компани и Баерн

Познатиот германски новинар Флоријан Плетенберг на Твитер објави дека Баерн конечно ја зав…