Дома Топ вести Скандал ја тресе Шпанија: Барселона платила 1.4 милион евра на потпретседател на Судиската комисија!

Скандал ја тресе Шпанија: Барселона платила 1.4 милион евра на потпретседател на Судиската комисија!

Голем скандал ја потресе Шпанија откако денеска „АС“ објави дека Барселона во период од две години од 2016 до 2018 година му платила 1.4 милиони евра на поранешниот шпански судија Хозе Марија Енрикез Негреира.

Негреира по пензионирањето беше потпретседател на Судиската комисија на Шпанскиот фудбалски сојуз и таа функција ја извршуваше од 1994 до 2018 година. Секако дека медиумите алудираат на тоа дека Негреира ги добил парите за да и „помогне“ на Барселона.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Ова откритие дошло откако на голема се истражуваат деловните книги во Барселона поради динаниските проблеми. Парите Каталонците ги уплатиле на компанијата „ДАСНИЛ 95“ која е во сопственост на споменатиот судија.

Професионално тој судеше од 1974 до 1992 година и во шпанската лига помина дури 13 сезони, за потоа да стане дел од Судиската комисија каде што стигна до потретседателското место.

Компанијата „ДАСНИЛ 95“ оформена е во 1995 година и откако прво се занимавала со увоз и извос на храна по пет години ја сменила дејноста и станала консултантска компанија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Официјално: Потврдено едно заминување од Манчестер Јунајтед

Францускиот напаѓач Антони Марсијал (28) ќе го напушти Манчестер Јунајтед по истекот на не…