Членот на англиски Норвич, Уи-Јо Хванг беше исфрлен од репрезентацијата, а реагираше и полицијата и се најде во поголем проблем.
Имено, фудбалерот објавил порно видео од неговата девојка Хјомин која е музичка ѕвезда во Јужна Кореја. Таа е исклучително популарна во нејзината земја и ја следат скоро четири милиони луѓе на Инстаграм, па така ова е главна вест во Јужна Кореја.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Поради скандалот репрезентативната кариера на Хванг е веројатно завршена, без разлика што зад себе има 60 настапи во репрезентативниот дрес и беше дел од тимот кој играше на Мундијалот во Катар.