Менаџерот на женскиот тим на Лестер Сити, Вили Кирк (45) доби отказ oткако внатрешната истрага на клубот покажа дека имал интимен однос со фудбалерка.
Британските медиуми објавија дека Кирк е под истрага за наводна врска со еден од играчите. Кирк првично беше суспендиран, а сега е отпуштен, со што заврши неговиот двегодишен мандат во клубот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„По внатрешната дисциплинска постапка и почитување на индивидуалната приватност, беше утврдено дека Вили го прекрши кодексот на однесување на тимот до степен што ја прави неговата позиција неодржлива“ – соопштија од клубот.
Кирк пристигна во Лестер во јули 2022 година како спортски директор, пред да ја преземе тренерската функција четири месеци подоцна, заменувајќи ја Лидија Бедфорд на клупата. Лестер моментално е на деветтото место во англиското првенство.