Дома Македонски спорт Скандал: Претседателот на МОК си дозволи да реагира кај делегат на натпревар каде што играше неговиот син

Скандал: Претседателот на МОК си дозволи да реагира кај делегат на натпревар каде што играше неговиот син

Претседателот на МОК, Даниел Димевски се најде во центарот на вниманието на скандалот од Третата кошаркарска лига помеѓу Водњански Лисици и Бутел Скопје.

Средбата заврши со победа на домаќините кои постигнаа кош во последните моменти. Судијата ги призна поените на Водњански лици, но потоа се консултираше со помошникот. За тоа време Димевски се симна од трибините и дојде кај делегатот да објаснува дека кошот бил регуларен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Без никакви проблеми тој помина покрај обезбедувањето и си даде за право да реагира иако функцијата не му дозволува. Освен што е претседател на МОК, неговиот син настапува за Водњански лисици.

Постапката на Димевски изгледа смирена, меѓутоа потоа настанува хаос на теренот прво од страна на гостистите, па сите останати.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Барселона сака да си го врати Олмо

Барселона е силно заинтересирана да го врати Дани Олмо во своите редови, пренесуваат шпанс…